Не се тепаат само мажи: Кошаркарки направија хаос, а нокаут доби - судијката! (ВИДЕО)

Дека брутални тепачки не се случуваат само во спортовите во кои настапуваат мажи, најдобро покажа кошаркарски натпревар од американската колеџ лига.

Имено, на дуелот меѓу Алабама и Каролина дојде до масовна тепачка, а на крајот дури осум кошаркарки беа исклучени од игра. За време на размената на удари на паркетот заврши и една од судијките, на која подоцна ѝ беше укажана и лекарска помош.

Инаку, инцидентот се случи шест минути пред крајот на четвртата четвртина. Сè започна по дуел под кошот меѓу Кордасија Харис од Алабама и Трејси Хјустон од Каролина.

Судијката која настрада остана да лежи на грб додека ситуацијата не се смири, по што на паркетот влезе медициснката екипа за да ѝ укаже помош.