Алушовски: Правевме многу глупости на почетокот, но нормално е кога играш со ПСЖ
Стратегот на битолчани смета дека нервозата на кај ракометарите на почетокот придонела фокусот да не биде на највисоко ниво.
„Одигравме феноменален натпревар, можам само да им честитам на моите момци. Покажавме карактер и кога губевме со два гола на минута ипол до крајот, верувавме дека можеме да се вратиме. На почетокот бевме неровзни и правевме грешки, кои според мене не се грешки, туку глупости, но нормално е кога играш против ПСЖ во ваква атмосфера фокусот да не биде тука. Екипата покажа дека расте, почнуваме да веруваме во нашиот систем и благодарност до сите битолчани“, изјави Алушовски.
Во последниот натпревар од Лигата на шампионите сезонава, Пелистер го чека гостување кај Барселона.