Во Манчестер Сити се бесни на судењето: Цела сезона судат против нас!
Главната забелешка е за недосуден пенал врз Ерлинг Халанд.
„Сите 50/50 ситуации оваа сезона ги судат против нас. Тоа е реалноста“, вели Бернардо Силва.
„Според мене тоа беше пенал. Некој може има друго мислење. Што можеше да направи Ерлинг? Треба да го прифатиме ова. Знаеме какви се работите“.
По вчерашните мечеви Манчестер Сити сега има седум бода помалку од Арсенал, но и меч помалку од топчиите.