Морбидна порака во Рим за Лотито - ултрасите на Лацио го повикаа Трамп! (ФОТО)

Фудбалерите на Лацио немаат најдобра сезона, а последните резултати предизвикаа големо незадоволство кај дел од најверните фанови кои тоа и го покажаа.

Имено, во вечерта пред вечерашниот натпревар од полуфиналето во Копа Италија против Аталанта во близина на тренинг-кампот во Рим оставија графит со морбидна порака за претседателот на клубот Клаудио Лотито.

„Порака за Доналд Трамп: Лотито има многу нафта и е диктатор“, со ова тие алудираа на повик кон американскиот претседател по ситуацијата која ескалираше во Иран каде што Американците извршија напад.

Купот на Италија е и последна шанса за спас на сезоната на Лацио бидејќи во првенството со 34 бода на 11-тата позиција се далеку од битката за излез во Европа, Јувентус на шестото место е со 47 бода.