Тренерот на Вест хем му забрани на еден фудбалер да крева тегови!

Тренерот на Вест хем, Нуно Еспирито Санто воведе необично правило за Адама Траоре, односно му забрани да крева тегови во тренинг-центарот на клубот.

Фудбалерот е познат по неговата импресивна мускулна градба со која доминира на дуелите, но неговиот тренер смета дека нема потреба во иднина да крева тегови.

„Неговите мускули се неверојатни. Мислам дека треба да избегнува теретана, му кажав да не крева тегови“, објасни Еспирито Санто.

Траоре пристигна од Фулам и од него се очекуваше важен допринос во борбата за опстанок во Премиер лигата.

Фото: EPA