Гатузо во битката за Мундијал ќе повика фудбалер кој многумина го заборавија

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, според информациите на италијанските медиуми размислува да го повика искусниот фудбалер за врска Марко Верати за претстојните натпревари од баражот за пласман на Светското првенство.

Наводно, Гатузо во Верати гледа идеално засилување за тимот на средината од теренот.Веррати гледа значајно засилување за тимот.

Познатиот Николо Шира наведува дека во последните часови имало директна комуникација помеѓу двете страни и дека Веррати ја потврдил својата подготвеност повторно да заигра за „Аѕурите“.

Овој потег би бил изненадување затоа што Верати веќе три години не е дел од репрезентацијата. Откако го напушти ПСЖ, тој настапува во Катар (прво за Ал-Араби, а сега за Ал-Духаил), а неговото долго отсуство од списокот на репрезентативци натера многумина да заклучат дека неговата репрезентативна кариера е завршена.

Веррати за Италија настапи на 55 натпревари, а неговиот најголем успех со репрезентацијата беше освојувањето на Европското првенство во 2021 година.