Војната одложи ракометен натпревар

На Блискиот Исток се води војна откако САД и Израел го нападнаа Иран, а Иранците возвратија со напади кон повеќе држави, таквата состојба влијае и на спортот.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи мечот меѓу женските репрезентации на Израел и Грција кој требаше да се игра на 4 март. Тоа е меч од квалификациите за ЕП 2026 година.

„Оваа одлука е донесена поради актуелните случувања на Блискиот Исток. Натпреварот е одложен до понатамошно известување. Нов датум и ново место на одржување ќе бидат соопштени навремено“, стои во соопштението на ЕХФ.

Се очекува и други спортски натпревари да бидат одложувани од истата причина.