Сведоштво на мајката на Руне: Беше ужасна ноќ, мојот син многу се исплаши
Руне, кој поради тешка повреда на ахиловата тетива падна на 17. место на светската ранг-листа, а не така одамна беше и четврти тенисер во светот, во Доха се опоравува од една од најтешките повреди во спортот, кинење на ахиловата тетива.
Данскиот тенисер требаше во неделата да се врати во Лос Анџелес, но патувањето беше откажано по воздушните напади на САД и Израел врз Иран.
„Беше ужасна ноќ, речиси и да не спиевме. Сѐ изгледа побрутално ноќе, со огнени топки на небото и постојани експлозии. Поминавме долго време на рецепција во хотелот и персоналот беше исклучително љубезен. На крајот се вративме во собите и заспавме, но Холгер многу се исплаши“, изјави Анека Руне и дополнително ја појасни ситуацијата:
Има толку многу страшни вести и снимки од напади насекаде околу нас. Нашиот денешен лет е откажан и немаме претстава кога ќе можеме да заминеме. Мораме да се обидеме да набавиме намирници и да се снабдиме“, додаде таа.
Мајката на 22-годишниот освојувач на пет титули од турнирите на Светската тениска асоцијација е разочарана од односот на данските власти.
„Знам дека во Данска почна изборната кампања, но навистина е тажно што владата не одговара на граѓаните кои останале на Блискиот Исток. Гледам дека Велика Британија и други земји имаат посебен број на кој нивните граѓани можат да се јават за совет и помош. Ние сме на листата на познати личности во Данска, но не добивме никакво известување“, додаде таа.
La madre de Holger Rune desvela la noche de terror del tenista atrapado en Doha: "No pudo dormir, hemos oído misiles y explosiones" https://t.co/YTy4mDuhtG
— 20mdeportes (@20mDeportes) March 2, 2026
Фото: EPA