Драма во семејството Ѓоковиќ: Брат му на Ноле спасува(л) жива глава во Дубаи!
Сашка и Ѓорѓе Ѓоковиќ (братот на Новак), веќе некое време живеат во Дубаи.
Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска владее паника бидејќи Иран лансираше ракети во повеќе држави во Персискиот Залев а меѓу нив и во оваа.
Противвоздушната одбрана на ОАЕ ги пресретнува ракетите и засега успешно се брани. Но се слушаат силни детонации и сирени во Дубаи, а избувнал и пожар во хотел, веројатно од паднати остатоци. Причинета е сериозна штета, а има и една жртва.
„Телеграф“ пишува дека членовите на семејството Ѓоковиќ биле видно вознемирени и ја напуштиле зградата во која живеат.