Пеп откри каква е повредата на Халанд!

Денеска изненадувачки Ерлинг Халанд не се најде во составот на Манчестер Сити за мечот со Лидс од Премиер лигата, а тоа ги загрижи фановите на англискиот тим во пресрет на дуелот со Реал Мадрид од Лигата на шампионите.

Се работи за повреда, но Пеп вели дека таа не е сериозна и Халанд би требало да биде подготвен за Реал Мадрид.

„Пред два дена, во последните моменти од тренингот, тој имаше некаков проблем, мала повреда. Не е голема работа, но не е подготвен за денеска“, изјави Пеп пред самиот почеток на мечот со Лидс.

Првиот меч на Сити со Реал е на 11. март.