Нејмар ја крева формата пред СП, со два гола донесе победа за Сантос! (ВИДЕО)
Сантос со 2-1 го победи Васко да Гама, а двата гола беа дело на Нејмар.
„Минатата недела велеа дека сум најлошиот фудбалер во светот! Фудбалот е таков, еден ден треба да се пензионирате, а другиот да одите на Светско. Јас живеам од ден за ден, работам, и доаѓам до мојата најдобра можна форма“, вели Нејмар.
Тој одамна не бил дел од бразилската селекција, а никогаш под водство на Анчелоти, останува да се види дали Италијанецот би го повикал на Светското првенство ако продолжи со добрите игри.