Легенда за Кавани: Грев е тоа да му се случува, време е да ја заврши кариерата
Легендарниот Аргентинец Оскар Ругери, кој има 97 настапи за репрезентацијата и беше светски шампион во 1986 година, смета дека е време Кавани да стави крај на кариерата.
Минатата сабота, во ремито без голови меѓу Бока и Расинг Клуб, навивачите го испратија Кавани со свирежи при неговата измена.
„Грев е да се навредува таква ѕвезда, со оглед на неговата голема кариера. Треба да стави крај. Тешко е на 40 години да се игра во нашата лига. Сè уште не се повлекува затоа што сака да се обиде да ја сврти ситуацијата пред да замине“, изјави Ругери.
Кавани ја почна професионалната кариера во Данубио, а во Европа блесна во Палермо, подоцна настапуваше уште за: Наполи, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Валенсија.