Флик во проблем, Барселона најмалку пет недели без важен фудбалер

Стратегот на Барселона, Ханси Флик се соочува со проблем бидејќи во наредните пет недели нема да може да смета на Френки Де Јонг.

Повредата на холандскиот фудбалер од средниот ред ја потврди и Барселона информирајќи дека Де Јонг се повредил на тренинг.

„Нашиот првотимец Френки де Јонг, се повреди на денешниот тренинг, станува збор за повреда на дисталниот бицепс на десната нога. Според првичните процени, ќе отсуствува меѓу пет и шест недели“, соопштија од Барселона.

Сезонава Де Јонг одигра 31 натпревар во сите конкуренции и постигна еден гол, а неговото отсуство доаѓа во чувствителен дел од сезоната за каталонскиот гигант.