Бизарен проблем во Богданци: Снемало струја пред почеток на меч на натпревар!

Денешниот натпревар од ракометниот Куп на Македонија помеѓу Младост од Богданци и Текстилец почна со половина час задоцнување поради бизарен проблем.

Имено, како што информираа од редовите на домаќините имало прекин со струјата во мрежата на ЕВН па поради тоа ракометарите биле принудени да почекаат.

„Почитувани, поради краток прекин на мрежата на ЕВН натпреварот од КУП на Македонија денес ќе касни со почеток пола час покасно !“, стои во соопшетението од редовите на Младост.

Дуелот беше предвидено да почне точно во 20:00 часот, меѓутоа ракометарите се појавија на паркетот во 20:30 кога средбата и започна.