Како „награда“ за дебаклот од Бодо - нов договор и поголема плата за Киву!

Екипата на Интер вчера доживеа и втор пораз од Бодо Глимт со што го заврши настапот во Лигата на шампионите, а еден ден подоцна од Италија пристигна изненадувачка вест, барем во оваа ситуација.

Имено, во раководството на Интер наводно токму сега донеле одлука да ја продолжат соработката со тренерот Кристијан Киву.

Според информациите на инсајдерот Николо Шира, Џузепе Марота е задоволен од работата на Киву и ќе му даде нов договор со важност до 2028 година и опција за продолжување на дополнителна година.

Освен тоа се најавува и зголемување на платата од сегашните 2.5 милиони евра годишно на три милиони.

Очигледно во Интер се задоволни од тоа што Киву е сигурен во Италија и со него „нераѕурите“ се многу блиску до титулата во Серија А.