Јана Атанасовска победи на трка во Австрија - најдобар резултат во кариерата!
Атанасовска во силна меѓународна конкуренција го потврди својот квалитет.
Таа оствари победа и најдобар личен резултат во втората трка. Го освои првото место со 24,09 ФИС точки што е и нејзин најдобар резултат во денешната кариера.
Претходно во првата трка таа го освои второто место со 25,34 ФИС точки.