Лофтус Чик излезе од болница и покажа како изгледал пред операцијата! (ФОТО)

Фудбалерот на Милан, Лофтус Чик синоќа заработи тешка повреда при судир со голманот на Парма поради која веднаш беше подложен на операција.

Англискиот фудбалер заработи силен удар во лицето по кои доби скршеници, а остана и без неколку заби. Но, по добрата интервенција на докторите кои му ја правеа операцијата, Лофтус Чик сега изгледа многу подобро.

Фудбалерот на Милан по операцијата објави две слики, првата е како бил пред операцијата, а втората по интервенцијата.

Тој сега е во ред, но го очекува подолга пауза.