Нов ужас за Милан на Сан Сиро - пораз од Парма! (ВИДЕО)

Милан влезе како голем фаворит на мечот против Парма, но беше поразен со 0-1, резултат на кој се израдува Интер, нероазурите веќе имаат голема предност на врвот.

По денешниот кикс на Милан, Интер веќе има 10 бодови предност и трката за Скудетото е речиси завршена.

Денеска долго време резултатот беше 0-0, Милан се мачеше да даде гол, но наместо тие, погодок постигна противникот.

Клучниот момент се случи во 80. минута кога Троило постигна гол за водство на Парма од 1-0, што беше и конечен резултат.