Реал Мадрид подготвува специјален дрес за 125 години постоење (ФОТО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид идната година ќе прослави 125 години постоење, а клубот веќе подготвува специјален дрес за да го одбележи роденденот.

Првата верзија на дресот на „кралевите“ ја објави „Фути Хедлајнс“, кој често пред време ги објавува дресовите на гигантите.

Реал Мадрид е формиран на 6 март 1902 година, а белата боја е традиционална на дресовите.

Фото: Facebook/Real Madrid CF