Аргентинци ја „запалија“ Шпанија: Алварез од лето во Барселона!?
Информацијата доаѓа од аргентинското Радио ла Лер, поточно од новинарот Уго Баласоне, кој се смета за сигурен извор, иако има многу прашалници околу оваа вест.
„Според моите информации, Хулијан Алварез ќе игра за Барселона. Имаше интерес од Арсенал, но јасно е дека неговото време во Атлетико Мадрид помина. Ова не беше баш идеална сезона за него, иако постигнуваше голови. Тој сака тим со кој може да се бори за титули. Мотивацијата на Хулијан е да оди во клуб кој може да стане шампион. Атлетико може да го освои Копа дел Реј, но тоа не очекувањата на Хулијан. По Светското првенство, Алварез ќе игра за еден од најдобрите тимови во светот. Можете ли да замислите напад со Ламин Јамал и Хулијан Алварез?“, рече Баласоне, а неговите зборови веднаш одекнаа во Шпанија.
Не само затоа што нападот со Јамал и Алварез би бил пеколен, туки и бидејќи јавноста се навикна на вакви шпекулации, а кога ќе дојде летото излегува дека клубот нема пари за такви амбициозни планови.
Уште во јануари, кога Арсенал првпат се вклучи во аргентинскиот напаѓач, беше потенцирано дека Атлетико нема ни да размислува за негова продажба без обештетување од 100 милиони евра, бидејќи договорот на Алварез важи до 2030 година. Прашање е дали Барселона има толку пари за трошење бидејќи во последните пет години, најскапиот трансфер беше оној на Рафиња од Лидс, а кој изнесуваше 58 милиони евра.