Генк го шокира Динамо Загреб, Нотингем Форест лесно го совлада Фенербахче (ВИДЕО)
Генк тргна со два брзи погодоци, и тоа преку Хејнен и Ел-Уахди за предност од 2-0 до 21. минута, по што Динамо успеа да ја врати неизвесноста со гол во 44. минута.
Динамо се обидуваше да се извлече од непријатната ситуација, но на крајот дополнително се искомплицира затоа што белгискиот тим постигна и трет гол во 90. минута за триумф од 3-1.
Нотингем Форест без посериозни проблеми го совлада Фенербахче со 3-0, а головите ги постигнаа Муриљо, Игор Жесус и Вајт-Гибс.
На останатите натпревари Болоња славеше со 1-0 против Бран, додека Селта виго го победи ПАОК со 2-1.