Официјално: Букајо Сака стана најплатен фудбалер во Арсенал

Англискиот репрезентативец Букајо Сака официјално стави потпис на нов договор со Арсенал, откако такво нешто беше најавено пред неколку дена, а според медиумите тој стана и најплатен фудбалер во премиерлигашот.

Сака потпиша договор до 2031 година со „топчиите“, а притоа ќе заработува по 300.000 фунти неделно, што доволно потврдува дека Арсенал сака да ја гради иднината околу него.

Младиот и талентиран фудбалер оваа сезона настапи на 33 меча во сите натпреварувања за Арсенал, а притоа постигна седум голови.

Ѕвездата на Арсенал играше за младинските категории на лондонскиот тим од 2008 до 2018 година, а потоа беше промовиран во првата екипа на гигантот од „Емирати“.

Фото: Facebook/Arsenal