Девојката на Џејк Пол нема да добие казна зашто го покажа градникот (ВИДЕО)

Претставничката на Холандија на Зимските олимписки игри (ЗОИ), Јута Лердам нема да биде казнета затоа што го покажа градникот по настапот на игрите.

Лердам го напушта Милано со златен медал на 1.000 метри и сребрен на 500 метри, а успехот емотивно го прослави со нејзиното момче и боксер, Џејк Пол.

Холанѓанката привлече внимание и со тоа што го покажа градникот, по што Меѓународниот олимписки комитет отвори истрага, но не утврди кршење на правилата.