Историја: Поранешна фудбалерка стана претседател на Синдикатот на фудбалери!
Своите најдобри денови во професионалната кариера, Ваљак Неделковска ги помина во тимот на Борец од својот роден град Велес каде беше капитен и со кого освои двојна круна во домашниот фудбал. Нов генерален секретар на Синдикатот е поранешниот репрезентативец на Македонија, Марјан Герасимовски, а потпретседател е Александра Јовановска.
Двајцата, заедно со Јане Николовски влегоа и во Извршниот одбор на организацијата која ги застапува и се бори за правата на професионалните фудбалери.