Хаос во Лисабон: Винисиус даде гол и одби да продолжи да игра! (ВИДЕО)
Браилецот постигна гол за водство на својот тим во 51. минута, веднаш потоа доби жолт картон затоа што ги провоцираше домашните навивачи при прославата, но најинтересното се случи неколку секунди подоцна. Винисиус рипна како попарен и се пожали дека фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани расистички го навредил.
Последните информации се дека му рекол дека е мајмун иако нема официјална потврда. На снимката може да се забележи дека Престијани навистина нешто му дофрлува, изнервиран поради провокациите од Винисиус, но тоа го прави со дрес преку устата, па не може да се прочита од неговите усни. Прекинот траеше повеќе од десет минути по што играта продолжи, без санкции за никого.