Мурињо исклучен, нема да ја води Бенфика на „Бернабе“ (ВИДЕО)

Жозе Мурињо нема да има кам-бек на „Сантијаго Бернабе“, барем не на клупата откако вечерва доби црвен картон на првиот дуел од двомечот со Реал.

На 5-6 минути пред крајот, Винисиус направи прекршок во зоната за шут, а со оглед на тоа што имаше еден жолт картон, Мурињо побара да добие уште еден . Тоа го направи исклучително агресивно, па главниот судија му даде две јавни опомени и го испрати на трибина.

Португалецот го водеше Реал три години, од 2010 до 2013 и е во добри спомени на навивачите на мадридскиот клуб. По заминувањето, ниеднаш не доби прилика да води тим против Реал на „Бернабе“, па сега може евентуално да го проследи мечот од трибина или од ложата, колку да се појави пред навивачите.