Алкараз и Синер добиле „сочен“ бонус да играат во Доха, Ѓоковиќ - одбил

Карлос Алкараз и Јаник Синер добиле по 1,2 милиони долари само за учество на турнирот од Серијата 500 во Доха, тврди „Газета дело Спорт“, еден од најугледните спортски весници во светот. 

За што станува збор? Сите турнири во сериите 250 и 500 имаат практика да им плаќаат на најатрактивните играчи да играат на нив. Поголемите, Гренд слем турнирите и Мастерсите, немаат потреба да го прават ова бидејќи на тенисерите им значи да учестуваат на нив. Поради големите наградни фондови, поради спонзорите, но уште повеќе поради многу поголемиот број поени за светската листа, бидејќи без нив нема добра позиција на неа, а тоа секако има многу негативни последици. Со други зборови, за турнир како Доха да ги има најголемите имиња на својот терен, како што се моментално двата најдобри рекети во светот, мора да плати таканаречена „такса за учество“. Што и да направат Шпанецот и Италијанецот на Катар Опен, тие веќе имаат по 1,2 милиони долари. Сè друго е плус, а најинтересно е тоа што шампионот ќе добие околу половина од оваа сума. И тоа покажува колку е привлечно да се доаѓа на турнири како овој.

Слична сума му била понудена и на Новак Ѓоковиќ, но тој и покрај блиските релации со Катар, одбил да учествува поради замор. Српскиот ас има повеќегодишен договор со Катар Ервејс, главниот спонзор на турнирот и секако во него има клаузула што кажува колку вреди да настапот на стадионот Калифа.