Бламажа на бјанконерите: Пукна „петарда“ во мрежата на Јувентус (ВИДЕО)
Турскиот првак славеше со 5-2 и направи огромен чекор кон пласманот во осминафиналето. Победата дополнително добива на значење бидејќи Галатасарај беше во негатива по првото полувреме, а во вториот дел постигна четири гола.
Габриел Сара го отвори резултатот во 15. минута, но до крајот на полувремето Копмајнерс два пати ја затресе мрежата на Чакир и Јувентус со предност замина на голем одмор. Во продолжение, сосема поинаква слика на теренот. Ланг и Санчез во период од 15 минути се погрижија за нов пресврт, а капак на кризата на Јуве беше црвениот картон што го доби Кабал кој влезе во игра на стартот од второто полувреме. До крајот на мечот Ланг и Бои постигнаа уште два гола за комплетирање на дебаклот на Јувентус.
Реваншот се игра во Торино идната недела, а на Јувентус ќе му треба многу труд за да остане во игра за првата титула во Лигата на шампионите по пауза од 30 години.