Многу мака за Алкараз на стартот на турнирот во Доха

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше мачен, но успешен почеток на турнирот во Доха, од Серијата 500.

Алкараз го победи Французинот Артур Риндеркнеш со 6-4, 7-6 (5), по еден час и 48 минути игра. Ова беше прв натпревар на Шпанецот по освојувањето на титулата на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн на почетокот од овој месец.

Тој успеа да го постигне својот петти триумф во исто толку натпревари одиграни против моментално 30. рангиран играч на АТП листата. Клучниот брејк го направи во петтиот гем од првиот сет. Можеше да направи уште еден подоцна, но и тоа беше доволно за да поведе на овој меч.

Вториот сет беше мирен, сè до финишот, кога Алкарас, во 12. гем, спаси два брејка, или сет-поени. Сетот влезе во тај брејк, Алкараз прв стигна до мини-брејк и два сет поени. Не го искористи првиот, но вториот значеше крај на овој меч. Во второто коло, Алкараз го очекува дуел со уште еден француски тенисер - Валента Руахе.