Познат составот на Вардар за дуелот против Бенфика (ФОТО)

Поранешниот европски шампион Вардар денеска ќе ја отвори главната фаза на ЕХФ Европската лига на гостувањето кај Бенфика во Лисабон, а тренерот Иван Чупиќ ги избра ракометарите за дуелот.

Во составот на „црвено-црните“ се враќаат Кеита и Еспиња, додека прв меч во Европската лига ќе биде за Да Силва.

Натпреварот меѓу Бенфика и Вардар се игра вечерва од 18.45 часот, а пренос ќе врши МРТ3.