И судиската организација призна: Барса оштетена во Жирона, суспендиран ВАР судијата

Судиската организација на Шпанија направи анализа на последните два натпревара на Барселона, по еден во Копа дел Реј и Ла Лига.

„Каталонците“ ги загубија двата меча, но и едниот и другиот предизвикаа контроверзи поради неколку судиски одлуки. Организацијата донесе заклучок дека Барселона навистина била оштетена на двата меча и дека не се залудни поплаките од клубот.

Голот што го постигна Пау Кубарси против Атлетико во Купот бил исправно поништен поради офсајд, но во првото полувреме, главниот судија на тој натпревар пропуштил да му додели директен црвен картон на Џулијано Симеоне поради груб старт. Што се однесува до вчерашниот дуел, против Жирона, голот за победа на домашниот тим требало да биде поништен затоа што му претходел фаул над Кунде.

Како доказ за судиските грешки, суспендиран на неодредено време е ВАР судијата од синоќешниот натпревар, Галвез Раскон. Сепак, освен личната сатисфакција, Барселона нема да добие ништо материјално од овие одлуки.