Капитенот на МЗТ со куп-пехарот и златен медал посети навивач во болница (ВИДЕО)

Претставници на МЗТ Скопје го посетија навивачот на овој клуб, Ристе Божиновски-Мачор, кој во моментов се соочува со сериозна здравствена битка, изразувајќи уверување дека ќе излезе како победник од предизвикот што му претстои.

Во неговата болничка соба беше донесен освоениот пехар од Купот на Македонија беше донесен, како симбол на поддршка и заедништво. Капитенот на екипата Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓорески и тренерот Васко Атанасов му врачија и златен медал, специјално обезбеден за него, со цел да му дадат дополнителен мотив и сила во борбата за оздравување. Од клубот порачаа дека МЗТ Скопје е повеќе од спортски колектив и дека навивачите се нераскинлив дел од „плаво-белото семејство“.

„Мачор – цел МЗТ е со тебе“, порачаа од клубот, испраќајќи силна порака на поддршка и солидарност.

Станува збор за долгогодишен навивач и еден од основачите на групата Фемили, кој истовремено е и татко на талентираниот ракометар Марко Божиновски, кој пред неколку години ненадејно почина во сон на само 20-годишна возраст.