Шефот на судии на УЕФА за првпат доаѓа во Македонија
Настанот во хотел „Хилтон“ ќе го отвори првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, а на негова покана во Скопје ќе престојува и Росети, кој воедно е и комесар за делегирање судии во рамки на УЕФА.
„Ова е значаен момент за македонското судење. Присуството на Роберто Росети и директната комуникација со највисокото ниво на европското судење претставуваат огромна можност за нашите судии. Верувам дека ваквите настани ќе придонесат кон дополнително професионализирање, поголема одговорност и уште подобра меѓународна афирмација на нашите арбитри“, истакна Јосип Бартон, комесар за делегирање судии во рамки на ФФМ.