УФЦ сака да организира настан во Србија!?

Американски медиуми објавија дека УФЦ планира наскоро да организира настан во Србија, односно во Белград.

Водечката ММА-организација наводно планира да го организира настанот на 16 мај годинава, но засега нема официјална потврда.

„УФЦ ќе организира настан во Србија во мај. Се шпекулира за 16 мај, но засега нема официјална потврда“, објави американскиот новинар Кевин.