Сака потпиша нов договор со Арсенал, ќе заработува 300.000 фунти неделно!
Сака ја продолжил соработката на дополнителни пет години со гигантот од Лондон, а ќе заработува неверојатни 300.000 фунти неделно.
Талентираниот фудбалер дебитира за Арсенал во 2018 година, а сега е еден од најважните фудбалери на „топчиите“ кои се борат за титулата во Премиер лигата оваа сезона.
Англичанецот оваа сезона настапи на 33 натпревари, при што постигна седум голови и седум асистенции.
Фото: Facebook/ArsenalFC