ОФС Кичево доби двегодишна суспензија од ФФМ
Управниот одбор на ФФМ му изрече двегодишна суспензија на ОФС Кичево, додека за време на казната му мируваат правата од членството, како и учеството на делегатите на Собранието на ФФМ.
„Поради грубо кршење на одредбите од Статутот на ФФМ, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука на ОФС Кичево да му се изрече суспензија во траење од две години. За време на суспензијата, на ОФС Кичево му мируваат правата од членство, вклучително и учеството на делегатите од ОФС Кичево на Собранието на ФФМ.
Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици. Фудбалските клубови, членки на ОФС Кичево, продолжуваат со натпреварување во истиот ранг на тековното првенство, а во сезоната 2026/27 во рангот каде оствариле пласман.
Фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Кичево продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде се наоѓаат согласно правилата за судии и судење. Комисијата за регистрација на ОФС Гостивар е задолжена до носење на наредна одлука да ги извршува сите активности за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Кичево“, соопштија од ФФМ.
Останатите одлуки од седницата на Управниот одбор на ФФМ може да се прочитаат ТУКА.