Башкими ја прекина лошата серија: Хасан му пресуди на Пелистер

Фудбалерите на Башкими ја прекинаа лошата серија во Првата лига, откако денеска на домашен терен триумфираа со 1-0 против Пелистер во 18. коло од домашниот шампионат.

Двете екипи влегоа внимателно во натпреварот, а првата посериозна шанса ја имаше Башкими во 38. минута кога успеа да погоди преку Сумер Хасан за водство од 1-0.

Пелистер се разбуди по примениот гол, па набрзо се закани кон голот на Јашар, но мрежата на домаќинот остана да мирува.

Битолчани вршеа притисок во второто полувреме во обид да стигнат до израмнувачки погодок, но Башкими успеа да го одбрани водството до крајот на дуелот.

Башкими се наоѓа на петтата позиција со 26 бодови, додека Пелистер е на 10. место со 19 поени.

Фото: Facebook/ФК Башкими