Нови 20.000 столчиња за македонските стадиони!
ФФМ соопшти дека столчињата ќе се распределат на стадионите согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ.
„Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 до 20.000 нови столчиња за стадионите низ државата. Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ, а ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата Македонска фудбалска лига каде што се исполнети условите за нивна монтажа.
Клубовите, во соработка со локалната самоуправа, ќе бидат одговорни за обезбедување на монтажа на столчињата, со цел стадионите да бидат поудобни и подобро опремени за навивачите. ФФМ со оваа иницијатива продолжува да вложува во инфраструктурата и подобрување на условите за развој на фудбалот во Македонија“, соопшти ФФМ.
Останатите одлуки од седницата на Управниот одбор на ФФМ може да се прочитаат ТУКА.