Рафиња испрати жестока порака по „грабежот“ врз Барселона (ФОТО)
По натпреварот реагираа неколку ѕвезди на Барселона, а една од нив беше Рафиња кој испрати жестока порака преку социјалните мрежи.
„Многу е комплицирано кога правилата се поинакви за вас. Но, ако мора да играме против сите за да победиме, тогаш ќе го направиме тоа. Нема проблем“, објави Бразилецот и индиректно ги нападна судиите.
Една од контроверзите на мечот беше вториот погодок на Жирона, кој беше постигнат откако Ечевери направи прекршок врз Кунде.