Ужасен масакр на хокеарски меч во САД – двајца мртви и тројца критично ранети (ВИДЕО)
Осомничениот напаѓач е идентификуван како Роберта Еспозито од Норт Провиденс, транс-жена која, според полицијата, е родена како Роберт Дорган и кој(а) според неофицијални информација си ја убил сопругата и сопственото детали во пукањето. Властите потврдија дека напаѓачот е исто така починат, а првичните наоди укажуваат на самонанесена огнестрелна повреда. Инцидентот се случил за време на таканаречената „Веќер на сениори“, настан на кој семејства и ученици се собрале да го прослават крајот на средношколската кариера на матурантите. Попладнето арената беше опкружена со силно полициско обезбедување, а влезовите беа блокирани со полициска лента.
Градоначалникот на Павтакет, Доналд Гребиен, пукањето го нарече „страшна трагедија и чин на бесмислено насилство“.
„Семејства и пријатели денес беа собрани на хокеарски натпревар за да слават. Наместо тоа, бесмислен чин на насилство одзеде два невини животи, а осомничениот си го одзеде сопствениот живот“, изјави Гребиен.
Тројцата повредени се хоспитализирани и се борат за своите животи. Полицијата досега интервјуирала повеќе од 100 сведоци. Началничката на полицијата, Тина Гонкалвес, изјави дека осомничениот влегол во арената за да гледа член на семејството како настапува, по што отворил оган. На местото на настанот се пронајдени повеќе огнени оружја. Според полицијата, случаен сведок интервенирал додека се слушале истрелите, што помогнало инцидентот брзо да заврши.
„Еден добар човек се вмеша и токму тоа најверојатно доведе до брз крај на оваа трагедија“, изјави Гонкалвес, додавајќи дека полицијата не била вмешана во смртта на осомничениот.
Професионални спортски клубови од регионот, меѓу кои Њу Ингланд Пејтриотс и Бостон Бруинс, упатија изрази на сочувство поради трагичниот настан.