Реал Мадрид стана рекордер во Ла Лига по број на реализирани пенали!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид оваа сезона ќе води голема борба со Барселона за титулата во Ла Лига, а по 24 одиграни кола „кралевите“ веќе поставија нов рекорд во домашниот шампионат.

„Кралевите“ реализираа дури 11 пенали во првите 24 натпревари од Ла Лига во сезоната и така станаа прв тим на кој му успеал такво нешто.

Реал во моментов е лидер во шампионатот со 60 бодови, но и еден меч повеќе од Барселона која има 58 поени.

Фото: Facebook/Real Madrid