Њукасл со пресврт го освои Бирмингем и избори осминафинале во ФА-купот

Астон вила имаше добар почеток против Њукасл, но на крајот мораше да се збогува од ФА-купот поради поразот од 1-3 на „Вила Парк“ во Бирмингем.

Тами Абрахам во 14. минута донесе предност од 1-0 за Астон вила и делуваше дека без посериозни проблеми домаќинот ќе оствари победа, но црвениот картон на Бизот целосно го промени текот на натпреварот.

Сандро Тонали во 63. минута погоди за 1-1, а набрзо запиша и втор погодок за целосен пресврт, по што Ник Волтемаде ги постави конечните 3-1 во 88. минута.

Фото: Facebook/Newcastle United