Лацио подобро шутира пенали од Болоња, римјаните одат во полуфинале!

Лацио со победа се враќа во Болоња изборена по пенал серија, мечот во регуларниот тек заврши нерешено, 1-1.

Болоња подобро го почна мечот, домаќините поведоа со гол на Кастро во 30. минута од натпреварот.

Но, по само три минути игра во вториот дел, Нослин изедначи на 1-1. Тоа беше и резултатот по 90 минути игра.

Во пенал серијата лацијалите беа перфектни, погодија Тавареш, Диа, Марушиќ и Тејлор, а за Болоња промашија Фергусон и Орсолини, погоди единствено Далинга.

Лацио во полуфиналето ќе игра против Аталанта која претходно со 3-0 го совлада Јувентус.