Пелистер се прошета во Радовиш и ја наполни мрежата на домаќинот!

Актуелниот ракометен шампион, тимот на Пелистер го растури Радовиш на негов терен победувајќи го со 42-17, во далеку понеизвесен натпревар Пролет и Струга одиграа нерешено 28-28.

Пелистер особено беше немилосрден во второто полувреме. Битолчани го добија првиот дел со 16-11, а во вториот дел направија уште неверојатни 20 голови предност. Во тие 30 минути дадоа дури 26 голови, а примија само шест. Конечниот резултат беше 42-17.

Филип Кузмановски со девет голови беше најефикасен во тимот на Пелистер, Петар Атанасијевиќ и Хакбарт со по седум гола имаа забележителен настап, Брестовац запиша десет одбрани. Во составот на Радовиш најдобар стрелец беше Славе Јанковски со четири голови.

Пролет и Струга имаа по едно свое полувреме. Првиот дел домаќините го добија со 18-14, но не успеаа да ја задржат предноста, Струга го крена нивото во вториот дел, ја зацврсти одбраната, даде исто така 14 голови, но прими само десет, па се избори за реми од 28-28.

Најдобар стрелец на Пролет беше Давор Палески со 11 голови, кај Струга Наум Костов постигна десет.