Баерн првпат по шест години ќе игра полуфинале во Купот на Германија!

Звучи лудо, но Баерн Минхен немаше играно полуфинале во Купот на Германија од 2020 година, сега се таму откако го совладаа Лајпциг со 2-0.

Лајпциг прв се израдува на гол, но погодокот на Баумгартнер во четвртата минута од мечот беше поништен од ВАР поради офсајд.

Баварците долго време се мачеа да го скршат отпорот на гостите, тоа конечно се случи во 64. минута кога добија пенал, а реализатор беше Хари Кејн.

Само три минути подоцна стигна и вториот гол, Диаз зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат.

Откако ја создадоа солидната предност, фудбалерите на Баерн рутински го однесоа мечот до крајот.