Ван Дајк му донесе три бода на Ливерпул, капитенот погоди кога е најпотребно! (ВИДЕО)
Ливерпул доминираше во најголем дел од натпреварот, но тешко им беше да постигнат гол.
Конечно тоа се случи во 61. минута кога по нафрлување од Салах, Ван Дајк реализираше за водство на Ливерпул од 1-0, кое се покажа и како краен резултат на натпреварот.
Ова се исклучително важни три бода за црвените со кои ги одржуваат шансите за местата кои водат во Лигата на шампионите.