Лацио подобро шутира пенали од Болоња, римјаните одат во полуфинале!
Болоња подобро го почна мечот, домаќините поведоа со гол на Кастро во 30. минута од натпреварот.
Но, по само три минути игра во вториот дел, Нослин изедначи на 1-1. Тоа беше и резултатот по 90 минути игра.
Во пенал серијата лацијалите беа перфектни, погодија Тавареш, Диа, Марушиќ и Тејлор, а за Болоња промашија Фергусон и Орсолини, погоди единствено Далинга.
Лацио во полуфиналето ќе игра против Аталанта која претходно со 3-0 го совлада Јувентус.