Ван Дајк му донесе три бода на Ливерпул, капитенот погоди кога е најпотребно! (ВИДЕО)

По поразот од Манчестер Сити, Ливерпул им се врати на победите откако со 1-0 славеше на гостувањето кај Сандерленд.

Ливерпул доминираше во најголем дел од натпреварот, но тешко им беше да постигнат гол.

Конечно тоа се случи во 61. минута кога по нафрлување од Салах, Ван Дајк реализираше за водство на Ливерпул од 1-0, кое се покажа и како краен резултат на натпреварот.

Ова се исклучително важни три бода за црвените со кои ги одржуваат шансите за местата кои водат во Лигата на шампионите.