Манчестер Сити за 15 минути го „реши“ Фулам! (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 3-0 го победи Фулам во меч од Премиер лигата, Астон Вила со 1-0 славеше против Брајтон со гол постигнат во самиот финиш.

Момците на Пеп Гвардиола имаа фуриозен старт на натпреварот и рано го решија прашањето за победникот.

Во временски период од 15 минути беа постигнати сите три погодоци.

Резултатот го отвори Семењо по една грешка на гостинската одбрана, тој погодок се случи во 24. минута. 

Шест минути подоцна Орајли зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Халанд во 39. минута.

Астон Вила во самиот финиш го скрши отпорот на Брајтон. Со гол на Мингс во 87. минута победија со 1-0.

Немаше голови на мечот меѓу Нотингем форест и Вулвс.