Де Зерби покажа дека е голем човек, нема многу такви денес!

Роберто Де Зерби и Марсеј се разделија по дебаклот од ПСЖ, а италијанскиот стратег во преговорите за раскин на договорот покажал големо џентлменство.

Во фудбалскиот свет во кој се вртат големи милиони ретко кој тренер сам заминува и се откажува од обештетувањето кое може да го земе, еден од тие ретки е Де Зерби, но тој оди и чекор повеќе.

Разделбата се случила на негов предлог кој Марсеј го прифатил. Во текот на денешниот ден се воделе преговори меѓу двете страни за тоа како да се случи разделбата.

Де Зерби имаше договор до јуни 2027 година, но во преговорите за разделба, Италијанецот рекол дека се откажува од парите кои требало да ги добие за идната сезона. Но, побарал неговите седум помошници да бидат целосно исплатени. Марсеј го прифатил ваквиот предлог.

Италијанецот покажа дека е голем човек со тоа што се откажа од богатството кое можеше да го добие, но не им го сврте грбот на своите соработници и издејствува тие да го добијат максимумот.